Достапни линкови

Делегација на Светската Банка во Македонија


Потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија, Филип Луру од денеска ќе престојува во неколкудневна работна посета на Македонија. Со него ќе допатува и директорот на Светска банка за Југоисточна Европа, Џејн Арметиџ.
Главната цел на посетата, како што информира Светска банка, е отпочнување на разговорите за новата Стратегија за партнерство за следните четири години. Стратегијата треба да го објасни начинот на кој Светска банка и Меѓународната финансиска корпорација ќе и помогнат на Македонија во остварувањето на развојните приоритети, членството во ЕУ и ублажувањето на последиците од светската економска криза.
XS
SM
MD
LG