Достапни линкови

logo-print

Како резултат на неплатени сметки на парно, неколку училишта, градинки, факултети во Скопје, со денови немаа греење и неработеа. Од министерството за образование велат дека ги имаат подмирено сите обврски кон општините, додека општините се жалат дека парите не се доволно.

Министерството одвојува пари, не е дека не одвојува, но со тие пари не може да се подмират сметките за парно, струја, за другите потреби во училиштата, вели градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски. Како резултат на неплатени сметки на парно, неколку училишта, градинки, факултети во Скопје, со денови немаа греење и неработеа . Од министерството за образование пак велат
За парно, струја, води, ѓубретарина, овој месец ми требаат милион и осумдесет илјади денари, а трошокот е шест и пол милиони денари. Десет посто се зголемува цената на струјата, десет посто се зголеми цената на парното, тие шест милиони денари, вкупните средства за годинава ни ги немаат намалено. На 2,5 посто поголем буџет за оваа година.
дека ги имаат подмирено сите обврски кон општините. Од таму велат дека на почетокот на секоја фискална година ги известуваат општините за тоа колку пари ќе им префрлат и со која динамика ќе оди префрлањето. Градоначалникот на Карпош вели дека и покрај тоа што се зголеми цената на струјата, и на парното, тие добиваат пари со кои неможат да ги покријат трошоците.

„За парно, струја, води, ѓубретарина, овој месец ми требаат милион и осумдесет илјади денари, а трошокот е шест и пол милиони денари. Десет посто се зголемува цената на струјата, десет посто се зголеми цената на парното, тие шест милиони денари, вкупните средства за годинава ни ги немаат намалено. На 2,5 посто поголем буџет за оваа година.“

Од министерството за образование велат дека распределбата на парите се врши во зависност од бројот на ученици за секоја општина одделно. Дел од парите кои ги префрлаат се за плати на вработените во училиштата, а другиот дел за трошоци. Од министерството велат дека општините ако сакаат да имаат повеќе пари за трошоци треба да водат сметка за рационална распределба, да го намалат бројот на вработените, да штедат енергија.

По договорот со „Топлификација“ училиштата, градинките, студентските домови и факултетите повторно имаат парно. Топлификација им даде рок да ги платат сметките во спротивно, пак ќе останат без греење.

Деновиве и вработените во некои државни институции се пожалија дека се уште не зеле плата, а вчера и болницата „Филип втори“ не работеше и оперираа само итни случаи, затоа што Фондот за здравствено осигурување не им префрлил пари. Од министерството за финансии велат дека тие ги одобруваат буџетите на министерствата и им одделуват онолку пари колку што ќе побараат.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG