Достапни линкови

Ќе има ли опоравување на домашната економија?


Фабрика

Фабрика

Дел од македонските бизнисмени велат дека очекуваат и годинава да се соочат со намален извоз поради економската криза во светот. Други пак, се пооптимисти и се надеваат дека работите ќе се подобрат. Очекувањата на Владата се дека ќе има придвижување на економијата во текот на оваа година.

Дел од македонските стопанственици очекуваат и оваа година да имаат намален извоз заради светската економска криза. Некои од нив се пооптимисти и велат дека работите ќе се придвижат кон подобро, но сепак се зависи од тоа како работите ќе се одвиваат во светот и како земјите во кои тие извезуваат ќе се опоравуваат од кризата. Александар Панов од металопреработвачката индустрија вели дека во првиот квартал од годинава очекуваат дури и полоша состојба отколку во изминатата година.

,,Не очекувам подобрување, напротив ние сме песимисти дека ќе се подобри во првата половина. Првите сигнали како ќе биде пореално после првата половина, ги очекуваме после првиот квартал."
Не очекувам подобрување, напротив ние сме песимисти дека ќе се подобри во првата половина


Но, Ѓорги Тренев од индустријата за производство за вино вели дека резултатите од извозот во последиот квартал од 2009-та им влева надеж дека можеби работите ќе се подобрат.

,,Мината година реков дека имавме мал пад, меѓутоа од вкупно 28 земји во кои досега имаме извезено, ние лани извезовме во 16 земји што не за потценување и се надеваме дека тој тренд ќе продолжи и дека ќе успееме да освоиме и некои нови."

Министерот за финансии , Фатмир Бесими вели дека годинава се очекува придвижување во економијата. Тој вели дека се одржуваат контакти со бизнис заедницата и ако е потребно ќе се донесат и дополнителни мерки за справување со последиците од кризата.
Годинава ќе биде година на опоравување, но не е така едноставно. Значи нема да биде година во која работите наеднаш ќе процветаат и ќе се решат сите проблеми, туку трендот ќе се менува


,,Годинава ќе биде година на опоравување, но не е така едноставно. Значи нема да биде година во која работите наеднаш ќе процветаат и ќе се решат сите проблеми, туку трендот ќе се менува."

Според податоците на Заводот за статистика, Македонија двојно помалку извезува, отколку што увезува. Бизнисмените сметаат дека визната либерализација која е на сила од почетокот на годинава не е им е од големо значење за влегување на домашните производи на светскиот пазар.

,,Нема ништо да значи. Ние не сме имале проблем и сега со комуникација од режимот што постоеше во однос на визите."

Вели Панов. И Тренев вели дека досега немале проблеми со визите и со патувањата во странство.

,,Аплицирањето и добивањето на виза не беше проблем и кога еднаш ќе ја добиевме визата знаевме дека при приминувањето на границата нема да има проблем."

Македонија најмногу извезува производи од металопреработувачката индустрија, како и производи од текстил, а најмногу тргуваме со Германија, Италија, Русија и со нашите соседи Грција и Србија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG