Достапни линкови

ЕУ може да ги враќа бегалците од безбедни земји


Високиот суд на ЕУ соопшти дека владите на земјите членки на Унијата можат да ги вратат дома бегалците за кои ќе проценат оти нивниот страв од прогонување во родните земји веќе не е оправдан. За да го утврдат тоа, владите треба да докажат дека стравот од „сериозни повреди на основните човекови права“ значително е намален, како и дека родните земји на бегалците сега соодветно ги процесуираат таквите случаи. Со оваа одлука на Високиот суд се разјаснети пресудите на германскиот суд во случајот на петмина ирачки бегалци, на кои им бил доделен бегалски статус во 2001 година, а четири години подоцна тој им бил укинат.
XS
SM
MD
LG