Достапни линкови

Папандреу:Грција бара само политичка поддршка од ЕУ


Грција не бара од Европската Унија пари за да го покрие нејзиниот долг туку сaмо бара помош за да се справи со јавниот долг. Ова денеска го изјави грчкиот Премиер Јоргос Папандреу во интервју за Би-Би-Си. Папандреу побарал политичка поддршка за да и се овозможи на земјата да позајми пари со иста каматна стапка што важи за другите земји. Европската Унија побара од Грција итно да спроведе мерки за намалување на буџетскиот дефицит.
XS
SM
MD
LG