Достапни линкови

logo-print

Јужна Кореја бара темелна истрага за убиениот студент во Русија


Јужна Кореја побара темелна истрага во Русија, по убиството на јужнокорејски студент кој бил во Русија на студентска размена. Има сомневања дека убиството во сибирскиот град Барнаул е мотивирано од расисам.
Руските власти соопштија дека уапсиле тројца жители на Барнаул, но нема информација дали мотивите за нападот се расистички.
Нападите против странци од неевропско потекло се честа појава во Русија во изминативе неколку години.
XS
SM
MD
LG