Достапни линкови

Контингент на АРМ се враќа од Авганистан


Во касарната Михаило Апостолски во Охрид ќе биде одржана свеченост по повод пристигнувањето на контигентот на АРМ од составот на втората механизирана пешадиска бригада кој учествуваше во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. АРМ во седмата ротација на мировната мисија ИСАФ во периодот од јули 2009- та година до јануари годинава учествуваше со механизирана пешадиска чета. Припадниците на АРМ изминатите шест месеци задачите ги извршуваа во рамките на контигентот на Армијата на Обединетото кралство, каде што главна задача им беше обезбедувањето на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.
XS
SM
MD
LG