Достапни линкови

Иран започна да збогатува ураниум


Иранска државна телевизија објави дека Иран започна да произведува 20 насто збогатен ураниум за нуклеарно гориво. Тоа, според телевизијата, било сторено во присуство на инспектори на Меѓународната агенција за атомска енергија. До овој потег дојде и покрај растечкиот притисок од Западот за воведување нови санкции врз Иран. Соединетите држави и Франција вчера најавија дека ќе извршат посилен притисок за воведување на санкциите доколку Техеран започне да збогатува ураниум. Западот страхува дека Иран се обидува да направи нуклеарно оружје за што е потребно ураниумот да биде збогатен на најмалку 90 проценти. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели.
XS
SM
MD
LG