Достапни линкови

Лавров: СБ на ОН ќе мора да расправа за Иран


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека членките на Советот за безбедност на ОН можеби ќе мора да разговараат за Иран доколу таа земја не успее да соработува со меѓународната заедница околу нејзината нуклеарна програма. Лавров кој денеска престојуваше во Берлин наведе дека планира да се сретне со иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки на маргините на безбедносна конференција што исто така денеска почнува во Минхен. Русија која ја поддржува иранската нуклеарна активност неодамна ја остави отворена вратата за дополнителни санкции против Техеран.
XS
SM
MD
LG