Достапни линкови

Неизвесна истрагата за воени злосторства во Газа


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун изјави дека сеуште нема доволно информации за да каже дали Израел и Палестинците се согласуваат со барањата на ОН за започнување истрага за извршени воени злосторства во конфликтот во Газа пред една година. Бан Ки Мун рече дека сеуште не е јасно дали Израел и Палестинците ги виделе барањата што беа испорачани од Генералното Собрание. Експерти на Обединетите Нации открија дека израелските сили и палестинските милитанти предизвикале воени злосторства за време на битките минатата година, кога загинаа 13 Израелци и околу 1 400 Палестинци, меѓу кои и цивили.
XS
SM
MD
LG