Достапни линкови

Прогноза за времето- облачно со повремен снег


Времето ќе биде променливо облачно со локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура е во интервал од минус пет до нула, а дневната ќе биде од нула до четири степени. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег попладне. Минималната температура се спушти до минус два, а максималната ќе достигне до два степена.
XS
SM
MD
LG