Достапни линкови

Атина ја потврди средбата Милошоски - Друцас во Лондон.


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас ќе се сретнат утре во Лондон на маргините на Меѓународната конференција посветена на Авганистан.
Средбата, што ја иницираше македонското МНР, синоќа ја потврди Министерството за надворешни работи на Грција.
Освен за разликите помеѓу двете држави околу спорот за името на Република Македонија, се очекува Милошоски и Друцас да разговараат и за подигнувањето на нивото на канцелариите за врски во амбасади во Скопје и Атина, за потпишување договор за избегнување двојно оданочување, како и за отворање нови гранични премини меѓу Република Македонија и Република Грција, иницијативи кои македонскиот министер за надворешни работи ги покрена на средбата со Друцас кон крајот на минатата година во Атина, на маргините на министерската конференција на ОБСЕ.
XS
SM
MD
LG