Достапни линкови

Двојна вредност на валутата на Венецуела


Претседателот на Венецуела Уго Чавез објави девалвација на националната валута, боливар, како и тоа дека наредил пресретнување на американските авиони кои го нарушувале воздушниот простор на Венецуела. Чавез изјави дека боливарот ќе има две вредности, една од 2.60 долари за трансакциите за кои владата смета дека се приоритети, а друга од 4.30 долари за сите преостанати трансакции. Досега боливарот се разменуваше за 2.15 долари. Чавез исто така покажал фотографија на американски авион кој пред два дена го нарушил венецуелскиот воздушен простор. Тоа веднаш беше демантирано од Пентагон.
XS
SM
MD
LG