Достапни линкови

Спречен обид за убиство врз авторот на карикатурата на пророкот Мухамед


Данската полиција спречи обид за убиство на авторот на карикатурите на пророкот Мухамед, Курт Вестергор, соопшти денеска шефот на Службата за безбедносно разузнавање на Данска, Јакоб Шарф.
Според Шарф, 28-годишен Сомалиец, вооружен со секира и нож, доцна синоќа се обидел да упадне во домот на Вестергор во градот Архус. Кога 74-годишниот Вестергор го забележал Сомалиецот веднаш ја алармирал полицијата и се затвотил во „безбедната соба“ во неговата куќа. Припадници на полицијата пристигнале за две минути, при што Сомалиецот погодил со нож еден од нив, по што полицајците отвориле оган врз него и и го раниле во десната нога и левата рака.
Данските медиуми јавуваат дека при апсењето ранетиот Сомалиец, кој е вон животна опасност, извикувал „крв“ и „одмазда“.
Во тек е истрага чија цел е да утврди дали Сомалиецот дејствувал сам. Против него данските власти денеска ќе поднесат обвиненија за обид за убиство на Вестергор и на еден полицаец
XS
SM
MD
LG