Достапни линкови

Завршуваат протестите на опозицијата во Албанија


Опозицијата во Албанија, денеска треба да ги заврши протестите пред Владата поради изборните нерегуларности. Протестите кои започнаа во петокот ги предводи лидерот на опозиционата Социјалистичка партија Еди Рама. Протестите започнаа по улиците на Тирана, а потоа демонстрантите поставија шатори пред владината зграда. Тие бараат да да се отворат кутиите од изборите кои се одржаа на 28 јуни, бидејќи сметаат дека изборите биле нерегуларни.
XS
SM
MD
LG