Достапни линкови

ЕБОР незадоволни од реформите во Украина


Европската банка за обнова и развој денеска ја критикувала Украина за бавно одвивање на реформите во енергетскиот сектор. Од банката соопштиле дека ќе го одложат давањето на кредит во услови кога на Украина и се заканува уште една криза со гас. Портпаролот на европската банка за обнова и развој , Антон Усов, за агенцијата АФП, изјавил дека тие очекувале да видат дека земјата е подготвена да продолжи со реформите, но не го виделе тоа. Барањето Украина да добие кредит од 300 милиони долари, банката ќе го разгледува идната година.
XS
SM
MD
LG