Достапни линкови

Иванов:Референдум за името е единствен начин


Референдумот беше најавен како можност бидејќи станува збор за прашање кое ја менува историјата на еден народ, го менува неговото опстојување. Тоа не може да биде одговорност само на некоја Влада која има мандат кој го дава народот за четири години. Со тоа треба да се соочат сите кои ќе живеат на овој простор и на некој начин таа одговорност му припаѓа на народот бидејќи тој го искористил правото да се идентификува со тоа што денес се нарекува Македонија.T оа право е исклучиво негово, така што референдумот е единствен начин на таа директна демократија каде народот ќе се изјасни по така суштествено прашање изјавил претседателот Ѓорге Иванов во интервју за Би-Би-Си, запрашен за тоа дали има шанса Македонија да се повлече од идејата за организирање референдум за името.


XS
SM
MD
LG