Достапни линкови

Лисабонскиот договор пред Уставниот суд на Чешка


Чешкиот Уставен Суд денеска ќе ја одржи првата седница на која ќе се расправа за легалноста на ратификацијата на Лисабонскиот договор. Судот ќе ја сослуша жалбата преставена од 17 сенатори кои сметаат дека овој договор навлегува во суверенитетот на Чешката Република. Европската Унија со Лисабонскиот Договор сака да го поедностави процесот на одлучување. Од 27 те земји на Унијата само Чешка го нема сеуште ратификувано договорот. Чешкиот Парлемент го одбри, но Претседателот Вацлав Клаус, познат евро скептик го нема потпишано. Лидерите на Европската Унија сакаат процесот на ратификација да заврши до крајот на оваа година. Чешкиот Уставен суд не соопшти кога ќе ја донесе одлуката.
XS
SM
MD
LG