Достапни линкови

САД и Русија разговараат за намалување на нуклеарниот арсенал


Денеска во Женева ќе се одржи нова рунда разговори меѓу претставници на Соединетите Американски Држави и Русија за нуклеарно разоружување, односно за нов договор за намалување на нуклеарниот арсенал на двете земји. Важноста на постојната спогодба потпишана во 1991 година, попозната како СТАРТ 1, истекува во декември годинава. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изјави дека е постигнат значаен напредок во преговорите.
XS
SM
MD
LG