Достапни линкови

Авион на Ер Франс принудно слетал на аеродромот во Букурешт


Авион боинг 777 на компанијата Ер Франс, принудно слетал на аеродромот во Букурешт , бидејќи за време на летото од Париз кон Сингапур, еден патник починал, пренесува романската телевизија Реалитатеа. Откако починал патникот кој имал 85 години, екипажот на авионот одлучил авионот да се слета на најблискиот аеродром . Но кога слетале во Букурешт , било откриено дека авионот има технички проблеми , па 300 патници веќе 10 часа чекаат на аеродромот во Букурешт
XS
SM
MD
LG