Достапни линкови

Кина остро ги казни напаѓачите со игли


Кинескиот суд во Урумчи, во провинцијата Синџијанг денеска на три лица им изрече затворски казни од 15 години, поради напади со медицински игли. Во судирите во Урумчи, пред два месеца, меѓу Хан Кинезите и Ујгурите, кои се муслимани, загинаа околу 200 лица, а минатата недела избија нови протести поради серијата напади со наводно заразени игли, за кои владата ги обвини муслиманите.
XS
SM
MD
LG