Достапни линкови

Нагорно-Карабах пред нова војна?


Најмалку четворица ерменски војници загинаа во престрелка со азербејџанските вооружени сили во близина на сепаратистичката област Нагорно-Карабах, јавуваат азербејџанските медиуми. Нема официјална потврда за ваквите информации ниту од Ерменија, ниту од Азербејџан.
Етничките Ерменци, подржани од ерменските власти, во деведесетите години војуваа со Азербејџан за контрола над областа Нагорно-Карабах. Се проценува дека во војната загинаа 30 илјади луѓе.
Во 1993 година беше прогласен прекин на огнот, но двете страни никогаш не потпишаа мировен договор.
XS
SM
MD
LG