Достапни линкови

logo-print

Експлозија на бомба во јужен Тајланд


Во експлозија на бомба на југот на Тајланд се ранети 42 луѓе, од кои 7 се тешко повредени, соопштуваат властите. Бомбата експлодирала пред преполн ресторан во градот Наративат. Тајландските власти за поставување на бомбата ги сомничат муслиманските бунтовници.
Повеќе од 3700 луѓе загинаа во трите најјужни тајландски покраини Наративат, Патани и Јала од 2004 година, кога изби бунтот.

XS
SM
MD
LG