Достапни линкови

Цивилни жртви во пресметка на милитанти во Пакистан


Тројца случајни минувачи загинаа, а 15 се повредени во самоубиствен бомбашки напад во градот Пешавар, во северозападен Пакистан. Меѓу повредените има четири деца.
Полицијата соопшти дека минувачите не биле цел на бомбашот, туку дека нападот е дел од меѓусебна пресметка на милитатни групи во земјата.
Бомбашот претходно пукал кон куќата на човек поврзан со една талибанска организација, а кога му било возвратено, ја активирал бомбата и се разнел во воздух, соопштува полицијата. Се претпоставува дека зад нападот стои ривалска милитантна организација.
XS
SM
MD
LG