Достапни линкови

Уапсените ирански протестанти биле тепани до смрт?


Еден од поразените кандидати на контроверзните претседателски избори во Иран Мехди Каруби изјави дека некои од уапсените на протестите биле тепани до смрт во затворите. ,,Тие биле изложени на тортура само затоа што извикува слогани против изборната измама на Махмуд Ахмадинеџад,, прецизира Каруби на неговата интернет страница. Неговите претходни наводи дека уапсените во затворот биле силувани беа отфрлени од иранските власти како бесмислени.
XS
SM
MD
LG