Достапни линкови

logo-print

Русија и Турција се договорија за Јужниот тек


Премиерите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара, го потпишаа договорот, со кој се овозможува гасоводот Јужен тек да поминува низ територијалните води на Турција.
Турскиот премиер Ердоган изјави дека Турција и одобрила на Русија да ги почне подготвителните работи за изградба на гасоводот Јужен тек. Тој гасовод треба преку Турција, да ја поврзе Русија со Европа, заобиколувајќи ја Украина.
На потпишувањето на договорот, присуствуваше и италијанскиот премиер Силвио Берлускони. Италијанската компанија Ени е главен партнер на руски Гаспром за проектот Јужен тек. Овој гасовод, според оценките на медиумите, ќе претставува значаен успех за Москва во напорите да ја задржи доминацијата во областа на снабдувањето на Европа со енергенси. Европската унија инсистира на гасоводот Набуко кој ја заобиколува Русија.
XS
SM
MD
LG