Достапни линкови

Талибанците ги демантираа тврдењата на војската


Портпарол на талибанските милитанти ги демантираше тврдењата дека командантот на пакистанската група бил повреден во престрелка во долината Сват. Пакистанските власти претходно соопштија дека Маулана Фазулах бил повреден во воена офанзива пред два месеци. Војската исто така тврдеше дека во последните воени офанзиви загинале околу 1.800 милитанти. За сега нема официјална потврда за тврдењата на војската.
XS
SM
MD
LG