Достапни линкови

Деветмина загинати во Авганистан


Деветмина загинале во нападите на Талибанските милитанти врз владини згради во источниот дел на Авганистан, соопштија авганистанските власти. Според очевидци, биле водени жестоки борби во градот Гардез, во провинцијата Пактија, во кои најмалку 4 лица загинале, вклучувајки и двајца од напаѓачите. Според талибански претставник, кој се јавил во Асошиетед Прес, нападот го извршиле 15 милитанти, самоубијци. Во друг напад во градот Џалалабад, во близина на границата со Пакистан, биле убиени двајца бомбаши самоубијци кои се обидувале да се пробијат до аеродромот, каде што е базата на сојузничките сили.
XS
SM
MD
LG