Достапни линкови

Потврдени педесетмина случаи на заболени од грип од типот А во Србија


Во Србија денеска се потврдени 50 случаи на заболени од новиот грип А(Х1Н1), соопшти Инстиутот за јавно здравство. Од нив 37 луѓе допатувале од земји во кои претходно е регистриран новиот грип а тринаесетмина се инфицирани во контакт со заболените лица. Меѓу заболените се и шестмина спортисти учесници на Универзијадата кои се државјани на Австралија, Аргентина, Уганда, Замбија и Франција и осум посетители на музичкиот фестивал „Егзит“ - седум државјани на Велика Британија и еден Македонец.
XS
SM
MD
LG