Достапни линкови

Американско - грузиски поморски вежби на Црно Море


Американскиот ракетен уништувач Стоут вплови во грузиското црно морско пристаниште Батуми пред најавените морнарички воени вежби со груските крајбрежни сили. На овој чекор се гледа како на подршка на Грузија по минато годишната кратка војна со Русија поради сепаратистичката Јужна Осетија. И покрај западното противење Москва ја призна независноста на Јужна Осетија и Абхазија. Вчера Јужна Осетија ја посети рускиот Претседател Дмитриј Медведев што за грузиското раководство е нова провокација. Денеска пак преставници на Русија и Грузија ги продолжија безбедносните разговори.
XS
SM
MD
LG