Достапни линкови

Македонскиот владин авион слета на Крф


На грчкиот остров Крф, вечер ке започне дводневен неформален Министерски состанок на земјите-членки на ОБСЕ, што ќе се одржи во организација на грчкото Претседателство. Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски пристигна на Крф со владиниот авион. Министерствата за транспорт и врски на Македонија и Грција договорија дека македонските ознаки на авионот нема да бидат проблем за грчките власти. Инаку, Милошоски на маргините на состанокот ќе оствари повеќе билатерални средби со своите колеги. Засега нема потвда дека ќе дојде од официјална средба меѓу министрите за надворени работи на Македнија и Грција Антонио Милошоски и Дора Бакојани.
XS
SM
MD
LG