Достапни линкови

Италија е за остра порака до Техеран


Во пресрет на собирот на министрите за надворешни работи на членките на Групата најразвиени индустриски земји Г8, Италија побара да му се испрати остра порака на Иран, поради насилството против демонстрантите. Италијанскиот шеф на дипломатијата Франко Фратини изрази надеж дека учесниците на собирот ќе го осудат делувањето на иранските власти против поддржувачите на Хосеин Мусави, кои веќе две недели протестираат против, како што велат, изборната кражба на 12 јуни, кога Махмуд Ахмадинеџад беше реизбран за претседател. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по средбата со Фратини, рече дека изолацијата на Иран би била „погрешен пристап“ и се заложи за дијалог со таа земја.
XS
SM
MD
LG