Достапни линкови

Напад врз силите на НАТО во Пакистан


Архива: Карачи на 26 април

Архива: Карачи на 26 април

Најмалку четворица полицајци загинале и шест возила на НАТО биле запалени во близина на пакистанскиот главен град, соопштува тамошната полиција. Нападот се случил во градот Аток, на 60 километри од Исламабад. Според полицијата, вооружените напаѓачи првин ги запалиле цистерните на НАТО, а потоа ги убиле полицајците. Во нападот биле повредени уште шест полицајци. Камионите и цистерните на НАТО се честа мета на напади во Пакистан. Милитантите на тој начин сакаат да ги намалат залихите на НАТО-силите во Авганистан.
XS
SM
MD
LG