Достапни линкови

Обама – САД енергично делуваат против вирусот на свински грип


Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека Соединетите Држави, енергично делуваат против појавата на новиот тип на вирус, бидејќи ширењето на болеста од човек на човек создава стравувања за можност од пандемија. Обама соопшти дека државата поседува доволно лекови и побара од Конгресот дополнителни 1,5 милијарди долари во случај да биде потребна набавка на дополнителни количини на лекови, како и за развој на вакцина која може да го спречи ширењето на вирусот на свински грип.
XS
SM
MD
LG