Достапни линкови

logo-print

Според МОСТ одзивот 43,14 отсто со маргина на грешка 4,37 отсто


Извршниот директор на граѓанската асоцијација МОСТ вечерва изјави дека одзивот на претседателските избори беше 43,14 отсто со маргина на грешка од 4,37 отсто. Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов освоил 63,2 отсто од гласовите, а кандидатот на СДСМ Љубмир Данаилов Фрчкоски 36,8 отсто. На изборите во Скопје одзивот на гласачите бил 43,07 отсто со маргина на грешка од еден процент. Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Коце Трајановски освоил 62,11, а кандидатот на СДСМ Тито Петковски освоил 37,89 отсто.
XS
SM
MD
LG