Достапни линкови

Во американски воздушни напади во Пакистан убиени 13 лица


Во американски воздушни напади во североисточниот дел на Пакистан биле убиени најмалку 13 лица. Како што е соопштено цел на нападите биле повеќе куќи во немирната пакистанска област Северен Вазиристан. Меѓу загинатите имало и цивили. Американската армија често изведува операции во северен Пакистан, во близина на границата со Авганистан, во областите кои се сметаат за упоришта на талибанските бунтовници.
XS
SM
MD
LG