Достапни линкови

Газпром против модернизација на украинскиот гасовод


Руската државна компанија Газпром испрати предупредување до Украина, против имплементирањето на планот за модернизацијата на гасоводот, без консултации со Москва. Претставникот на Газпром Олег Аксјутин изјави дека секои неодобрени промени ќе се одразат не само врз извозот, туку и врз процесот на производство, што ќе предизвика непредвидливи последици за цела евро-азиска територија. Минатата недела Европската Унија и Украина договорија модернизација на транзитниот гасоводен систем, што минува низ украинска територија.
XS
SM
MD
LG