Достапни линкови

Средба Вељановски – Цветковиќ


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и премиерот на Србија Мирко Цветковиќ, на денешната средба во Белград оценија дека посетата на македонската делегација, прва на високо државно ниво од октомври минатата година кога Македонија го призна Косово, е значаен чекор во обновата на духот на добрососедските и пријателски односи меѓу двете држави. Вељановски и Цветковиќ разговарале и за подобрувањето на економската соработка, за влијанието на економската криза врз двете земји, како и за европските интеграции.
XS
SM
MD
LG