Достапни линкови

Извештаите не ја менуваат реалноста, изјави Дора Бакојани


Шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани во врска со извештајот на Обединетите нации за малцинствата изјави дека Грција е демократска европска држава, која целосно ги почитува човековите права, а извештаите не ја менуваат реалноста, пишува денеска атинскиот весник Катимерини. Бакојани изјавила дека Грција работи и ќе продолжи да работи на заштитата на човековите права. Според извештајот на независниот експерт Гај МекДугал во Грција има Македонско малцинство, кое што зборува на Македонски јазик, а грчката држава не го признава.
XS
SM
MD
LG