Достапни линкови

logo-print

Кина ги отфрла критиките за човековите права


Кина денеска ги отфрли американските критики за кршењето на човековите права, оценувајки дека Соединетите Држави најнапред треба да ги средат работите дома. Во годишниот извештај на Стејт Департментот во врска со почитувањето на човековите права во светот, се оценува дека во Кина се влошува состојбата, а посебно третманот на социјалните, културните и религиозните права на Тибет. За Русија, во извештајот се вели дека е под стандардите за заштита на правата на граѓаните, а најнегативни оценки добија Иран, Северна Кореја и Узбекистан.
XS
SM
MD
LG