Достапни линкови

logo-print

Тирана: Дора Бакојани во посета на Албанија


Шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани денеска ќе пристигне во посета на Тирана, во улога на претседавач со ОБСЕ. Според албанските медиуми, таа ќе има средба со нејзиниот колега Љуљзим Баша а потоа и со претседателот Бамир Топи и со премуиерот Сали Бериша. Ќе се разговара за прогресот на Албанија во почитувањето на програмите на ОБСЕ. Посетата се совпаѓа со ангажираноста на сите страни за решавање на прашањето за имотите во Албанија.
XS
SM
MD
LG