Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Извештајот на Бан Ки Мун за Косово доставен до Советот за безбедност


Извештајот на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун за Косово е доставен на членките на Советот за безбедност на ОН, изјави портпаролот Бренден Варма. Тој не соопшти кога ќе биде закажана седницата на Советот на која ќе биде разгледан извештајот. Според претходните најави, извештајот би требало да содржи препораки за реконфигурација на УНМИК, врз основа на шесте точки договорени со официјален Белград, како и за распоредување на Мисијата на Европската унија ЕУЛЕКС.
XS
SM
MD
LG