Достапни линкови

logo-print

Скопје: Красниќи осуден на шест и пол години затвор


Жителот на скопско Кондово Агим Красниќи денеска е осуден на шест и пол години затвор поради злосторничко здружување и поседување на оружје на 1 јуни - денот на предвремените парламентарни избори во Македонија. Судот оцени дека Красниќи и неговата дружина направиле атак на општата сигурност на граѓаните и општеството и негативно влијаеле во оценката на меѓународната јавност за текот на изборите. Минатата година, Красниќи беше ослободен од вината за подготвување тероризам.
XS
SM
MD
LG