Достапни линкови

logo-print

Багдад: Илјадници следбеници на Ал Садр протестираа против американското присуство во Ирак


Илјадници следбениците на Шиитскиот клерик Муктада ал Садр се собраа денеска во Багдад на протести против американското воено присуство во Ирак. Во пораката прочитана од негов помошник се повикува ирачкиот парламент да го отфрли нацрт договорот постигнат меѓу американските и ирачките преставници за идниот престој на американките војници во Ирак по завршување на нивниот мандат од Обединетите Нации до крајот на оваа година. Детали од договорот не се официјално објавени, но американските медиуми јавуваат дека во нацртот пишувало оти американските трупи ќе останат во Ирак до крајот на 2011 и дека Ирак може да им суди на американските војници само за криминал сторен кога не се на должност и надвор од базите.
XS
SM
MD
LG