Достапни линкови

Вашингтон: Обама во мала предност пред Мек Кејн на еден месец од изборите


Претседателскиот кандидат на Демократската Партија Барак Обама води со 3 поена пред неговиот главен соперник Републиканецот Џон МекКејн. На помалку од месец до изборите, според анкетата на Ројтерс, Си Спан и Зогби, за Обама би гласале 48 насто, а за МекКејн 45 насто. Предноста на Обама е кај незвисните и жените. Точноста на анкетата е плус - минус 2,8 насто и ова е прва во серијата анкети до изборите на 4 Номеври. Двајцата кандидати денеска во Нешвил ќе ја одржат втората од трите закажани ТВ Дебати.
XS
SM
MD
LG