Достапни линкови

Никарагва: Никарагва ја призна независноста на Јужна Осетија и Абхазија


Централно американската држава Никарагва ја призна независноста на грузиските републики Јужна Осетија и Абхазија и стана прва земја по Русија која тоа го направи. Претседателот Даниел Ортега, бивш марксистички герилец, кој одржуваше блиски односи со Москва за време на Студената Војна изјави дека се согласува со руската позиција во Грузија. Русија ја подржаа и Куба, Венецуела и Белорусија но засега формално не ја опризнаа независноста на двете грузиски региони.
XS
SM
MD
LG