Достапни линкови

Атина: Победа на конзервативната Нова Демократија на парламентарните избори


Конзервативната Нова демократија на Костас Караманлис победи на парламентарните избори во Грција, а во новиот парламент влегуваат пет, место досегашните четири партии, покажувале резултатите по преброените сто проценти од гласовите. Десноцентристичката Нова Демократија освои 41,9 отсто од гласовите, следена од социјалистичката ПАСОК со освоени 38,4 отсто. По нив следуваат Комунистичката партија, коалицијата на радикалната левица СИРИЗА, а петтата политичка сила ќе биде крајнодесничарскиот Народен православен сојуз-ЛАОС, партија која за прв пат го мина изборниот праг и влезе во парламентот.
XS
SM
MD
LG