Достапни линкови

Анкара: Војската и опозицијата нема да присуствуваат на приемот на Абдула Ѓул


Претседателот на Турција Абдула Ѓул по повод преземањето на новата функција денеска организира прием на кој како што јавија турските медиуми нема да присуствуваат преставници на армијата и на опозиционата народно републиканска партија. Армијата која го брани секуларниот систем на државата и Народно Републиканската партија чиј основач е таткото на современа Турција Кемал Ататурк не го подржуваат Ѓул поради неговото исламско минато. Тие не приствуваа ниту на церемонијата на положување на заклетва.
XS
SM
MD
LG