Достапни линкови

Париз: Посета на министерот за одбрана Лазар Еленовски


Министерот за одбрана Лазар Еленовски од денеска во дводневна работна посета на Франција, каде ќе оствари средба со францускиот министер за одбрана Ерве Морен. Еленовски и Морен според најавите ке разговараат за продлабочување на досегашната билатерална соработка меѓу двете министерства, за претстојниот самит на НАТО во април идната година, во Букурешт кога Македонија очекува покана за полноправно членство во Алијансата, за состојбите околу идниот статус на Косово, како и за состојбата во регионот.
XS
SM
MD
LG