Достапни линкови

Белград: Борис Тадиќ ќе побара од Контакт Групата одложување на преговорите за Косово


Српскиот претседател Борис Тадиќ, изјави дека денеска ќе побара од амбасадорите членки на Контакт Групата, датумот за преговори што се одржуваат во Виена, посветени на идниот статус на Косово, да биде усогласен со формирањето на српскиот парламент, јавуваат агенциите. Тој појасни дека тоа би значело одложување на преговорите за десетина дена. Инаку Тадиќ вчера ги запозна претставниците на парламентарните партии со предлогот за Косово на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари и од нив побара што побрзо формирање на институциите односно Владата и Собранието. Денеска во Белград со српските претставници ќе се сретне американскиот пратеник за преговорите за статусот на Косово Френк Визнер.
XS
SM
MD
LG